САД ја забрзуваат евакуацијата на своите државјани од Кина
![САД ја забрзуваат евакуацијата на своите државјани од Кина](https://gdb.rferl.org/23D82000-DD8B-49A5-B8D3-3D31E2BF68EF_w800_h450.jpg)
Соединетите Американски Држави планираат повеќе летови за да ги донесат американските државјани од кинеската провинција Хубеи во земјата, рече денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео. Таа кинеска провинција е најпогодена од коронавирусот. Помпео ова го изјави за време на посетата на Узбекистан. Во меѓувреме, во Кина заврши десет дневната градба на новата болница во која ќе бидат сместени заболените од коронавирусот.
Во објектот во кој има 1000 легла почнаа да се сместуваат и првите пациенти од Вухан, градот епицентар на болеста од која досега починаа 362 лица, а 17 300 се заболени.
Следната болница која ќе има капацитет од 1500 легла ќе биде отворена неделава. Покрај во Кина, коронавирусот е потврден и во 24 други земји.