Брнабиќ: соработката со Приштина ќе зависи од спроведувањето на договорите
![Брнабиќ: соработката со Приштина ќе зависи од спроведувањето на договорите](https://gdb.rferl.org/DFD65456-A2DA-4B6F-A858-4A99F5057A3C_w800_h450.jpg)
Соработката на српските власти со косовските институции ќе зависи од нивното исполнување на меѓународните обврски поврзани со спроведувањето на Бриселскиот договор и укинувањето на таксите на увозот на стоки од Србија, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ, јави дописнкиот на МИА од Белград.
„Отсекогаш сме биле подготвени да соработуваме и да разговараме со привремените косовски институции, но тоа ќе зависи од спроведувањето на Бриселскиот договор, односно од исполнувањето на обврската за формирање на Заедницата на српски општини (СЗО), како и од укинувањето на нецивилизациските такси“, изјави Брнабиќ пред новинарите, прашана дали ќе соработува со новата влада на Косово.
Таа додаде дека идните разговори и соработката ќе зависат одновиот косовски премиер Албин Курти и додаде дека Српска листа во Косово има добиено 10 места во косовскиот парламент и дека сега ќе биде „посилен фактор на Косово“.
Инаку денеска во Собранието во Приштина се гласа за новата косовска влада која ја сочинуваат Самоопределување на Курти и Демократскиот сојуз на Косово.