Десетици закони пред пратениците во „фото-финиш“
![Десетици закони пред пратениците во „фото-финиш“](https://gdb.rferl.org/6C119556-5993-4555-8B85-1DC56CA72B53_w800_h450.jpg)
Само за денеска се закажани 11 седници на собраниски комисии, а на утрешната пленарна седница треба да се разгледуваат дузина закони. Собранието работи под полна пареа на неколку дена пред распуштањето, а брзањето го доведува под прашалник и квалитетот на законските решенија.