Рекет: Комуникацијата на Боки 13 со бизнисмени и политичари
![Рекет: Комуникацијата на Боки 13 со бизнисмени и политичари](https://gdb.rferl.org/05370323-C4F1-4320-B880-A3B3403D1345_cx0_cy8_cw79_w800_h450.jpg)
Со презентирање на видео снимки од домот на Јордан Камчев, текстови и аудио снимки од компјутерот и мобилниот на обвинетиот Јовановски, продолжи судењето за „Рекет“. По завршувањето на судењето адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски изјави дека неговиот клиент има рак на желудникот и затоа ќе побара преиспитување на мерката ефективен притвор.