Заев: Предлог-законот за ЈО вечерва на владина седница
![Заев: Предлог-законот за ЈО вечерва на владина седница](https://gdb.rferl.org/D6CE16B4-1B3B-4356-AC99-D32EAE8E2343_w800_h450.jpg)
Правиме се Парламентот да работи во полн состав за да можеме да очекуваме повеќе од 80 пратеници или минималното дво-третинско мнозинство да биде обезбедено за Законот за јавно обвинителство, изјави денеска поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев. Тој додаде дека е планирано денеска да има седница на Влада, за да се фатат последните три дена, согласно законите и да се заврши навремено со распуштање на Парламентот.
„Верувам дека вечерва ќе може да се одржи седницата на Влада за да се усвои ваквото предлог законско решение и да се испрати до Парламентот, за да може утре да се сработат сите постапки во Парламентот,“ изјави Заев.
Во однос на можноста ВМРО-ДПМНЕ да поднесе предлог амандмани, Заев, рече дека затоа е преговарано пред усвојување на Влада, за да нема отвороње на амандмани во Парламенот на кои може да се поднесуваат предлози. Тој посочи дека влегувањето на сила на самиот закон, ја потврдува обврската веднаш по конституирањето на Парламентот да биде пуштен иновиот кривичен закон, на кој работат германски експерти и е во финална фаза.