Загинаа двајца американски војници во Авганистан
Двајца американски војници загинале, а шестмина се ранети при напад во источната провинција Нангархар. Станува збор за напад кој ги извршило лице облечено во униформа на авганистанската војска. Портпаролот на американските воени сили во Авганистан Колонел Сону Легетденеска изјави дека инцидентот се случил откако комбинираната американско – авганистанска воена група се враќала од задача во седиштето.
„Се уште собираме информации, а причината и мотивот се уште се непознати“, изјави Легет.
При нападот биле ранети и тројца авганистански војници.