Предвремени парламентарни избори во Азербејџан
Граѓаните на Азербејџан денеска ќе излезат на гласање на предвремени парламентарни избори. Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, издаде наредба за распуштање на парламентот на 5 декември минатата година, а парламентот речиси едногласно го побара тоа од него откако премиерот поднесе оставка. Околу 1.314 парламентарни кандидати учествуваат на предвремените парламентарни избори во Азербејџан, додека вкупно 2.431 лица се пријавиле да се кандидираат на парламентарните избори.
Претседателот Илхам Алиев бараше на овие избори смена на бројот пратеници, односно очекува чисто мнозинство со цел спроведување на реформите. Првичните резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден.