„Медена земја“ во историска борба за два Оскари вечерва
![„Медена земја“ во историска борба за два Оскари вечерва](https://gdb.rferl.org/6A1E1120-15CC-4707-8D15-1D4549A9F46B_w800_h450.jpg)
Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес вечерва ќе бидат соопштени добитниците на најпознатата филмска награда Оскар за 2019 година во 24 категории. Македонскиот документарец „Медена земја“ е на чекор до Оскар во категориите документарец и интернационален филм. На 92-то доделување на Оскар ќе присуствуваат петчлената авторска екипа, режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев и .
Ова е втор пат по 25 години македонски филмски производ да влезе во трка со светските најдобри филмови. Патем, ова е и прв пат во историјата на Американската академија документарен филм е номиниран во две категории.