Сончево со слаб јужен ветер
![Сончево со слаб јужен ветер](https://gdb.rferl.org/6298350D-5198-4369-8683-262EB7F2D22C_cx0_cy9_cw0_w800_h450.jpg)
Денеска не очекува студено време изутрина, а преку ден се очекува да биде сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 12 до минус 4, а дневната од 4 до 12 степени.
Во Скопје утрото ќе биде студено, а преку денот сончево со слаб јужен ветер.Утринската температура ќе се спушти до минус 6, а дневната ќе достигне до 9 степени.
Од понеделник ќе има извесно зголемување на облачноста, а од вторник во северните и западните делови ќе има услови за локален дожд. Дневната температура до среда ќе биде во пораст.