Ацевски – Ревизорскиот извештај за СЈО ќе биде готов во јуни
![Ацевски – Ревизорскиот извештај за СЈО ќе биде готов во јуни](https://gdb.rferl.org/53c1b25b-fb6d-4d10-b165-78203e8e0d60_tv_w800_h450.jpg)
Државниот Завод за ревизија започна со ревизија на СЈО во делот на надоместоците што ги примале обвинителите и нивните соработници. Три месеци ќе трае ревизијата, потоа Катица Јанева може да даде забелешки, а конечниот извештај се очекува до крај на јуни, вели директорот на Државниот Завод за ревизија, Максим Ацевски. Со Ацевски разговараме и за ревизијата на политичките партии за време на избори и за начинот на кои тие се финансиираат, како и за тоа зошто ревизорските извештаи со години наназад не добиваат правна разрешница.