Тачи: Трамп го исцрта епилогот од дијалогот Приштина- Белград
![Тачи: Трамп го исцрта епилогот од дијалогот Приштина- Белград](https://gdb.rferl.org/06957987-E2DE-4FE5-BBDE-32AC88FE68BB_w800_h450.jpg)
Косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека американскиот претседател Доналд Трамп покажал големо внимание за јакнењето на мирот и стабилноста во Западен Балкан. Тачи на својата страница на Фејсбук напиша дека писмата што Трамп пред нешто повеќе од една година им ги упати нему и на претседателот на Србија Александар Вучиќ, „го скицираа епилогот на процесот на дијалогот меѓу Косово и Србија, кој треба да заврши со меѓусебно признавање“. Косовскиот претседател му оддаде признание и на специјалниот пратеник на Трамп за дијалогот Приштина – Белград, амбасадорот на САД во Германија Ричард Гренел и изрази очекување дека процесот на дијалог ќе се затвори во блиска иднина.