Пратениците едногласни за НАТО
Со 114 гласа за, ниту еден против и ниту еден воздржан Собранието го донесе Законот за ратификација на членството на Северна Македонија во НАТО. По завршувањето на седницата пред зградата на Собранието е подигнато знамето на НАТО. Останува само уште Шпанија да го ратификува протоколот и Македонија да стане полноправна членка на Алијансата.