Белоруси осудени на 7 години затвор за штета на владин имот од 66 долари
![Белоруси осудени на 7 години затвор за штета на владин имот од 66 долари](https://gdb.rferl.org/1CC5514D-049B-4D2E-99F6-248A56C4898E_w800_h450.jpg)
Судот во Минск осуди двајца Белоруси на седум години затвор за оштетување на владин имот и користење запаливи средства. Микита Емелјанав и Иван Комар се прогласени за виновни за оштетување на зградата на притворското одделение на судот во Минск, како и за изработка на молотови коктели. Тие се во притвор од октомври. Според истражителите, Емелјанав во септември фрлал црвена боја на судот и предизвикал штета во износ од 65 американски долари. Следниот месец тој фрлил бомба пред влезот на судот која не експлодира и со тоа предизвикал штета од 0,7 американски долари. Комар ги снимал случувањата.