Сирискиот парламент го призна геноцидот врз Ерменците
![Сирискиот парламент го призна геноцидот врз Ерменците](https://gdb.rferl.org/EEBD1BFC-C0E6-434A-A8BE-6A144E5C1481_w800_h450.jpg)
Сирискиот парламент соопшти дека го призна масовното убиство на Ерменците во Отоманската империја пред еден век како геноцид
Членовите на Народното собрание едногласно усвоија резолуција во која се осудува и признава „геноцидот извршен врз Ерменците од страна на Отоманската држава на почетокот на 20 век“
За време и по Првата светска војна , Османлиските Турци убиле или депортирале дури 1,5 милиони Ерменци - христијанско малцинство во претежно муслиманската империја. Многу историчари и држави сметаат дека овие убиства се геноцид.
Турција,која е членка на НАТО, се спротивставува на употребата на зборот геноцид. Анкара тврди дека смртните случаи биле резултат на граѓански судири, а не на планирани напори на Отоманската влада за уништување на Ерменците.Турција исто така тврди дека загинале помалку Ерменци отколку што е објавено.
Најмалку 23 држави официјално го признаа масовното колење и депортацијата како геноцид.