Заев смета дека СДСМ има капацитет и за ново мнозинство
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска рече дека пораката на генералниот партиски секретар Љупчо Николовски била „да престанат игрите што се играат во парламентот“.
По вчерашните речиси целодневни партиски договарања за поддршката на владиниот предлог закон за Јавно обвинителство, за кој се неопходни 80 гласови и по информациите дека ДУИ и Беса излегле со свои барања, Николовски на Фејсбук напиша дека ако „продолжат тактизирањата постоела реална можност тие да направат ново парламентарно мнозинство.
Заев денеска рече дека за нови коалиции засега имале преговори со нивните „стандардни коалициони партнери“ и со некои партии кои што досега не биле со нив во коалиција.
„Ниту сакаме ниту планираме формирање на мнозинство, кое знаете дека е возможно затоа што сме пред обезбедување мнозинство од 80 пратеници, не пак од 60 колку што е потребно, но не сакам ова никој да го сфати како закана, туку дека испраќам порака, потврда на ставот на нашиот генерален секретар дека државата е пред се и над се за сите нас“, рече Заев.
Тој додаде дека тие имаат „сериозен голем и уникатен коалиционен капацитет“ поради „едно општество за сите“ и сите храбри одлуки кои што ги донелево изминатиот период.
„Нема да оставиме тоа да не го искористиме“, рече Заев кој уште еднаш изрази уверување дека законите ќе се донесат, собранието ќе се распушти, а предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април.
Парламентарен состав за трауматично носење закони