Рама - Мини Шенген не е „план Б“ за Западен Балкан
![Рама - Мини Шенген не е „план Б“ за Западен Балкан](https://gdb.rferl.org/9323263E-E935-4F49-B56F-AB285746FBE7_w800_h450.jpg)
Албанскиот премиер Еди Рама, оценува дека идејата за сеопфатен регионален Шенген помеѓу шест земји од Западниот Балкан, базиран на четирите слободи на ЕУ (слободен проток на стока, капитал, услуги и работа), не е замена, туку најдобриот начин за подготовка за интеграција во ЕУ.
Во уводникот на „Еуроактив“, насловен „Мини-шенген не е план Б за Западен Балкан“ Рама оценува дека на Европската Унија не ѝ е потребна само стабилност во Западниот Балкан туку и помирување.
„Сите ја делиме целта за европска интеграција и најдобриот начин да одиме напред е активно да се подготвиме за тоа, преку отворање на нашите економии и граници, на начин директно инспирирано од основните начела што стојат зад европскиот проект. Подобрата поврзаност на Западен Балкан ќе овозможи да се интегрира побрзо и поуспешно во ЕУ“, вели Рама.