Макрон ќе поддржи преговори за С. Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март
![Макрон ќе поддржи преговори за С. Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март](https://gdb.rferl.org/49A58DA1-09BC-458D-BA73-194328116F27_cx0_cy9_cw0_w800_h450.jpg)
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека доколку во март бидат позитивни резултатите од извештајот на Европската комисија за Северна Македонија и Албанија, тој ќе го поддржи започнувањето на преговорите за нивно приклучување во блокот, јавува Ројтерс.
„Го чекаме извештајот во март, во зависност од тоа дали резултатите ќе бидат позитивни и се утврди доверба, тогаш ќе бидеме во позиција да ги отвориме преговорите“, изјави Макрон на конференцијата за безбедност во Минхен.