Една жртва во пукање пред клуб во Берлин
![Една жртва во пукање пред клуб во Берлин](https://gdb.rferl.org/0839D23B-EEE0-4B00-9519-514995EB74D1_cx0_cy2_cw0_w800_h450.jpg)
Едно лице е убиено, а четири се повредени кога непознати лица отвориле оган пред еден берлински локал, соопштија денеска германските власти.
Портпаролката на обвинителството Мона Лоренц изјави дека едно или повеќе лица синоќа пукале пред локалот Темподром во центарот на грдот и потоа побегнале од местото.
Таа додаде дека е убиен 42-годишен маж, а дека некои од повредените се во тешка состојба. Лоренц не можеше да потврди дали сите повреди настанале од куршуми, пренесува новинската агенција Бета повикувајќи се на АП.
Полицијата се уште не знае кој бил мотивот за нападот, но наведе оти не делува дека има поврзаност со тероризам.
Инцидентот се случил на отворен простор пред клубот Темподром, каде во тој момент се одржувала поголема турска стенд ап комедија.
Берлин има една од највисоките стапки на убиства по глава на жител меѓу европските метрополи.