Собранието ја разреши Мизрахи, донесени и измени на Изборниот законик
![Собранието ја разреши Мизрахи, донесени и измени на Изборниот законик](https://gdb.rferl.org/005042A5-E019-4D88-8548-3A4812592660_cx0_cy2_cw0_w800_h450.jpg)
Откако Собранието рано утринава ја разреши министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, пратениците со 75 гласа „за“ го изгласаа и Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, како и Предлог-законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени. Собранието денеска треба да ја продолжи работата на седницата на која на дневен ред е Предлог- законот за јавно обвинителство.