Помпео ја честита независноста на Косово
![Помпео ја честита независноста на Косово](https://gdb.rferl.org/00FF90BF-4D19-46E1-AB8B-9E4DC15A8960_cx3_cy13_cw96_w800_h450.jpg)
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека косовскиот суверенитет и независност остануваат клучни за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан. Тој го потенцира и силното партнерство помеѓу двете земји.
„САД го поддржуваат Косово на патот кон интеграцијата во трансатлантските институции и ќе продолжат да работат на зајакнување на владеењето на правото, сузбивање на корупцијата и поттикнување на економскиот просперитет за сите граѓани на Косово“, се наведува во честитката на Помпео по повод Денот на независност на Косово.
Американскиот државен секретар посочи дека „САД се охрабрени од неодамнешните настани кои сигнализираат чекор кон поттикнување на инвестициите, туризмот и комерцијалните и меѓучовечките врски со Србија, со што се поставува темел за понатамошен напредок кон сеопфатна нормализација во блиска иднина“.
Србија и Косово потпишаа спогодба за железничка линија
Собранието на Косово на 17 февруари 2008 година усвои Декларација за независност.