Најмалку 15 загинати во напад во Пакистан
Најмалку седум лица загинаа во експлозија во Куета, главниот град на пакистанската провинција Балочистан, соопштија официјални лица. Меѓу загинатите се тројца полицајци и четворица цивили. Други 15 цивили се повредени во денешната експлозија. Според полицијата нападот се случил додека моторциклист се приближувал кон насобраните на протест. Кога полицаец се обидел да го запре, тој го активирал експлозивот. Безбедносните служби, како што се јавува, го опколиле местото на настанот.