На бродот во Јокохама, прва Русинка заразена со коронавирусот
![На бродот во Јокохама, прва Русинка заразена со коронавирусот](https://gdb.rferl.org/0D4846B6-24C0-412B-A44D-DB839B2ABEEC_w800_h450.jpg)
Русинка која се наоѓа на патничкиот брод закотвен во јапонското пристаниште Јокохама е првата Русинка на која и е потврдено присуството на коронавирусот, соопшти денеска руската амбасада во Токио. На бродот, кој е во карантин, има вкупно 24 Руси.
Двата претходни случаи потврдени на територија на Русија, еден во сибирскиот регион, еден во тујменскиот, се Кинези. Двајцата пациенти откако оздравеа се пуштени од болница.
Во Кина над 70.000 заразени од коронавирусот
Патничкиот брод е закотвен во Јокохама од 20 јануари. На него има 2666 туристи и 1045 членови на екипажот. Според информациите на македонското министерство за надворешни работи меѓу екипажот се и тројца македонски државјани, а кај еден од нив е потврдено присуството на коронавирусот.
Македонскиот државјанин од бродот во Јапонија има блага форма на коронавирус