Протести во Казахстан поради грешки во наплата на хипотеки
Десетици демонстранти од различни места во Казахстан денеска се собраа во главниот град Нур Султан да бараат средба со поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев за, како што тие го нарекуваат, погрешени хипотеки и погрешни судски одлуки на казахстанските судии.
Покрај со Назарбаев, кој сега го води моќниот безбедносен совет, демонстрантите денеска бараа да се сретнат и со најстарата негова ќерка, Дарига Назарбаева, која е претседавач со Сенатот и со претставник од канцеларијата на претседателот Касим-Јомарт Токаев.
Полицијата ги блокираше демонстрантите во близина на канцеларијата на претседателот спречувајќи ги да стигнат до неа. Повеќето од нив велат дека плаќале хипотеки за станови во згради кои се уште не се готови, а некои од нив се жалат и на неможноста да дојдат до правда во судовите во Казахстан.