Мета-Баша: се случува „државен удар“ од страна на албанската влада
![Мета-Баша: се случува „државен удар“ од страна на албанската влада](https://gdb.rferl.org/185CB2F8-5B80-441A-A23F-1E47EAD8E79C_w800_h450.jpg)
Албанскиот претседател Илир Мета денеска остварил итна средба со Љуљзим Баша, лидер на Демократската партија,која ја предводи обединетата опозиција. Како што објави претседателовиот портпарол, Теди Блуши, на средбата која е по барање на Мета, го запознал со загриженоста во врска со измените околу уставните надлежности на претседателот, со кои според Мета владата се обидува да го финализира државниот удар.
И така заладените односи на релација претседател – влада уште повеќе се влошија по одземањето на уставната надлежност на претседателот за именување судии во Уставниот суд и давањето заклетва пред него на уставните судии.
Деновиве, поранешниот албански претседател Алфред Мојсиу, кој ја вршеше функцијата од 2002 до 2007 година, во неговите совети за решавање на политичката криза во која се наоѓа земјата, повеќе од една година, му порача на Мета, да не зазема страна, туку „да дебатира околу почитувањето и барањата за почитување на Уставот“.