Талибанците ќе намалат со насилствата во Авганистан
Авганистанското министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека намалувањето на насилството договорено меѓу Талибанците и Соединетите Американски Држави треба да почне во наредните пет дена.
Оваа објава доаѓа ден откако авганистанскиот извршен директор Абдула Абдула рече дека Талибанците се согласиле на седум дневно намалување на насилствата во пресрет на мировниот договор со САД, кој бил финализиран претходната недела, и би можело да биде потпишан на 29 февруари.
Убиени пет авганистански војници и покрај мировните преговори со Талибанците
Портпаролот на Талибанците Сухаи Шахеен од Катар, каде што се одвиваа мировните преговори со американките преговарачи, рече дека договорот кој бил постигнат ќе биде потпишан до крајот на месецот. Шахеен рече дека според договореното сите странски војници ќе го напуштат Авганистан, а околу 5000 талибански затвореници ќе бидат ослободени