Први случаи на коронавирус во Иран
Иранските власти соопштија дека се потврдени двајца заболени од коронавирус во земјата, што се први случаи на овој вирус во Иран, јави денеска иранската агенција ИСНА. Агенцијата го цитира министерот за здравство Кијаноуш Јаханпур кој рекол дека двата потврдени случаи се во централната провинција Ќом. Тој додал дека медицински лица веќе се отидени во провинцијата, а двајцата заболени се во карантин.
Во меѓувреме бројката на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 2004 лица, 132 повеќе од претходниот ден. Бројот на потврдени случаи заболени од коронавирусот во таа земја, според последните информации е 74 185, а 700 случаи се потврдени во други земји од светот.
Расте бројот на починати од коронавирусот во Кина