Едно лице повредено во џамија во Лондон
![Едно лице повредено во џамија во Лондон](https://gdb.rferl.org/9F3D06F8-8F48-4314-A1AF-28B0C49EE81A_w800_h450.jpg)
Најмалку едно лице е поврено во напад со нож во џамија во близина на паркот Регент во Лондон, соопшти лондонската полиција.
Во соопштението се вели дека дека маж на возраст од околу 70 години е пронајден со убодни рани и дека му е дадена лекарска помош, пред да биде пренесен во болница.
Од полицијата додаваат дека напаѓачот е уапсен и дека повредениот маж не е во животна опасност.
Како што јавува Ројтерс, полицијата верува дека нападот не е поврзан со тероризам.