Трет смртен случај од компликации од грип, за 74 отсто зголемен бројот на заболени
![Трет смртен случај од компликации од грип, за 74 отсто зголемен бројот на заболени](https://gdb.rferl.org/471F3C2E-D1AA-4114-BDEC-5F8841BE2A3A_w800_h450.jpg)
Педесетгодишен човек почина на Универзитетската клиника за пулмологија од компликации од грип. Овој е трет смртен случај од компликации од грип по двата во изминатите десет дена кога девојче почина на Клиниката за детски болести, а 85-годишен човек почина на Клиниката за инфективни болести. Ова денеска го истакна д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.
„Сите имале хронични заболувања, не биле вакцинирани против грип, биле третирани со антивирусна терапија и биле позивини на инфлуенца АH1 поттипот“, рече д-р Кузмановска, која посочи дека има зголемена активност на грипот во државава и регистрирани се 5.660 заболени од грип, што е зголемување за 74 отсто.
Во меѓувреме, од Министерството за здравство соопштија дека Комисијата за заразни болести редовно ја следи состојбата со грип во државата и согласно стручните препораки се забранети посетите на хоспитализирани пациенти во јавните здравствени установи, со цел да се спречи натамошно ширење на грипот. Исто така, посочуваат, Комисијата ја следи состојбата со новозаболени деца во училиштата и во зависност од проценките ќе предлага нови мерки и препораки, согласно состојбата на терен.
Кинеските работници ќе дојдат во Македонија по 14 дена во карантин
Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со коронавирусотКузмановска рече дека пристигнуваат шест од работниците од Кина, кои таму беа подложени на 14-дневен карантин пред нивното доаѓање, а кои работат во западниот дел на државава. Тие, додаде таа, ќе бидат соодветно пречекани од наши здравствени работнции и во зависност од тоа каква им е здравствената состојба, по земена епидемиолошка анкета ќе се утврдат натамошни мерки.
„Можно е нивно 14-дневно задржување и тука во нашата држава пред да почнат со работа“, истакнаКузмановска.