Пет турски државјани меѓу загинатите во Ханау
Напаѓачот кој вчера уби најмалку девет луѓе во две кафулиња во германскиот град Ханау е 43 годишен Германец кој поседувал дозвола за оружје и бил член на стрелачки клуб, соопшти локалната полиција од областа Хесе, каде што се наоѓа градот Ханау. Полицијата обелодени и дека телото кое беше пронајдено во станот на убиецот е на неговата 72 годишна мајка.
Федералното обвинителство соопшти дека причината за нападот најверојатно е со екстремистички мотиви, a истражните органи прецизираа дека го третираат како „терористички напад“ извршен од “ксенофобични мотиви“. Во кафулињата во кои се случил нападот насобраните пушеле наргилиња. Во западните земји таквиот тип кафулиња се често во сопственост на луѓе од Блискиот исток и Јужна Азија каде што користењето наргилиња е вековна традиција.
Турскиот амбасадор во Берлин, Али Кемал Ајдин за државната турска телевизија ТРТ рече дека пет турски државјани се меѓу загинатите. Конфедерацијата на заедниците на Курдистан во Германија рече дека меѓу жртвите има и Курди.
Претходно германската канцеларка Ангела Меркел рече дека доказите укажуваат на тоа дека напаѓачот бил „отруен од расизам“. Таа додаде дека дека владата ќе ја искористи целата своја моќ за да се бори против тоа што ја дели Германија.
Меркел по нападот во Ханау- омразата го труе нашето општество