Градските возачи во Москва поради коронавирусот мора да пријават патници Кинези
Вработен во јавниот транспорт во Москва за Радио Слободна Европа вели дека на сите возачи на автобуси, трамваи и тролејбуси во рускиот главен град им биле дадени инструкции да ги запрат своите возила и да ги симнат сите патници ако се сомневаат дека меѓу нив има патник од Кина.
Возачот во јавниот превоз, кој сакаше да остане анонимен, за РСЕ вели дека мерките имаат цел да го спречат можното ширење на коронавирусот од Кина. Тој вели дека според инструкциите што ги добиле, ако се сомневаат дека има кинески патник треба да се јават во полиција и да чекаат да дојдат надлежните пред да продолжат со патот.
На бродот во Јокохама, прва Русинка заразена со коронавирусот
Вчера руските медиуми и корисници на социјалните мрежи пишуваа дека московската градска агенција за транспорт им дала задача на возачите да јават за сомнителни патници Кинези. На 18 февруари руските власти соопштија дека привремено ќе им биде забранет влез во Русија на кинеските граѓани во обид да го спречат ширењето на коронавирусот. Повеќе од 74 000 луѓе се заболени во Кина од овој вирус, а има и стотици заболени во речиси триесет други земји. Бројката на починати достигна 2 118 луѓе.
Голем пад на бројот на нови случаи на коронавирус во Кина