ОБСЕ бара од Русија нова истрага за убиството на Немцов
![ОБСЕ бара од Русија нова истрага за убиството на Немцов](https://gdb.rferl.org/A61F2F6E-9A02-4B67-A7AA-209C1EE8B504_w800_h450.jpg)
ОБСЕ денеска побара од руските власти да ја отворат повторно истрагата за убиството на Борис Немцов, поранешен руски опозициски политичар кој беше убиен пред речиси пет години во близина на Кремљ. Организацијата наведува дека недостатоците во првата истрага оставаат многу неодговорени прашања.
„Неговата смрт беше трагедија за Русија и остави силен белег врз политичката клима, шири страв и отвора можности за идни напади и притисоци“, наведува ОБСЕ.
Немцов беше убиен на московскиот мост на 27 февруари 2015 година. Во јуни 2017 година рускиот суд го осуди поранешниот чеченски војник Заур Дадајев на 20 години затвор поради убиството на опозиционерот. Четворица други Чеченци се прогласени за виновни поради вклученост во убиството на затвор од 11 до 19 години затвор.
Изречени казните за убиството на Немцов
Критичарите, меѓу кои се и колегите и роднините на Немцов велат дека руските власти не успеале да откријат кој е нарачателот на убиството. Некои изразуваат сомнеж дека убиството е нарачано од некој од блискиот круг на рускиот претседател Владимир Путин или на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.