Утре во Солун конференција за заедничка иднина на балканските земји и Европа
Утре во Солун ќе се одржи конференција на високо ниво насловена „Од Солун во Загреб“, на која ќе учествува и министерот Никола
Димитров.
Оваа конференција е во во рамките на грчките иницијативи за промоција на ЕУ перспективата на регионот, јавува МИА.
На конференцијата, освен домаќинот, шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи од Бугарија, Хрватска, Италија, Црна гора, Србија, Словенија, Косово, вршителот на должност МНР на Албанија, заменикот МНР на Босна и Херцеговина,како и европски претставници меѓу кои и заменикот генерален директор за проширувањето и соседската политика во Европската комисија.
Конференцијата, ќе започне утре наутро во Солун, а ќе заврши со прес конференција на која ќе говорат шефот на грчката дипломатија, како и министерот за надворешни работи на Хрватска, со оглед на тоа дека земјата е претседавач со ЕУ, како и претставникот од Европската комисија.