Потврден случај на коронавирус во Хрватска
![Потврден случај на коронавирус во Хрватска](https://gdb.rferl.org/9A049E62-0855-40AB-AF24-0713E6A87609_w800_h450.jpg)
Хрватска го потврди првиот случај на коронавирус на своја територија. Премиерот Андреј Пленковиќ денеска рече дека пациентот е хоспитализиран во болница во Загреб.
„Се работи за помлад човек со лесни симптоми. Тој е во изолација и се наоѓа во добра кондиција во моментов“, рече Пленковиќ.
Министерот за здравство Вил Берош рече дека пациентот бил во италијанскиот град Милано од 19 до 21 февруари.