Мета повика на протест под мотото „За Републиката, Уставот, нацијата, единство на народот“
![Мета повика на протест под мотото „За Републиката, Уставот, нацијата, единство на народот“](https://gdb.rferl.org/185CB2F8-5B80-441A-A23F-1E47EAD8E79C_w800_h450.jpg)
Албанскиот претсдател Илир Мета ги повика Албанците на протест на 2 март, против актуелната влада под мотото „За Републиката, Уставот, нацијата, единството на народот“. Од кабинетот на Мета објаснуваат дека целта на овој мирен протест е да се подигне свеста на Албанците за одбрана на нивниот суверенитет.
И така заладените односи на релација претседател – влада уште повеќе се влошија по одземањето на уставната надлежност на претседателот за именување судии во Уставниот суд и давањето заклетва пред него на уставните судии.
Од кабинетот испратен е допис до генералниот директор на полицијата Арди Велиу, со кој го информираат за денот, времето и местото на протестот и се бара преземање соодветни мерки за да се обезбеди јавен ред и безбедност.
Претседателот Мета овој протест го најави на 19 февруари, кога на вонредна прес-конференција ги повика граѓаните да протестираат поради, како што го нарече, „државниот удар“ кој сака да го финализира владејачкото мнозинството со преземање на контролата врз Уставниот суд.
Обединетата албанска опозиција најави дека ќе го поддржи протестот.
Албанија: поддршка за протестот што го најави претседателот Мета