Помпео - Авганистан има историска можност за мир
![Помпео - Авганистан има историска можност за мир](https://gdb.rferl.org/D67C4D2F-1F6D-40B7-B682-882038B14E38_w800_h450.jpg)
Авганистан има историска можност за мир, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео, откако Вашингтон постигна привремено примирје со талибанците.
Помпео денеска изјави дека ако примирјето се покаже како успешно, американскиот претседател Доналд Трамп може да потпише мировен договор со талибанците некаде околу 29 февруари, со што треба да се стави крај на најдолгата војна во која учествува САД.
На почетокот од овој месец, двете страни најавија еднонеделно „намалување на насилството“, што стапи на сила од почетокот на 22 февруари.
Во Авганистан има 12 илјади американски војници.
Трамп верува дека е можен договор за мир со Талибанците