Потписниците на нуклеарниот договор со Иран на средба во Виена
Потписничките на нуклеарниот договор со Иран денеска ќе се сретнат во Виена, првпат откога Германија, Франција и Британија иницираа процедура која може да доведе до воспоставување на нови санкции на Обединетите нации кон Техеран.
Активиран механизмот за спорови од нуклеарниот договор со Иран
Разговорите доаѓаат во период во кој потписниците се обидуваат да го спасат договорот постигнат во 2015 година, од кој американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече Соединетите Американски Држави во 2018 година и воспостави нови санкции кон Иран. На состанокот ќе учествуваат високи дипломати од Иран, Британија, Франција, Германија, Кина, Русија и Европската унија.
Тие ветуваат дека ќе се обидат да го одржат во живот договорот со кој Иран треба да ја намали својата програма за нуклеарно оружје во замена за олеснување на санкциите.
Иран може да ја преиспита соработката со МААЕ, ако европските земји притискаат