Премиерот Моди апелира за смиреност на протестите во Индија
Индискиот премиер Наренда Моди побара да се смират протестите до кои дојде последниве неколку дена меѓу Индусите и муслиманското малцинство во кој загинаа 20 луѓе во главниот град.
“Апелирам до моите сестри и браќа во Делхи да останат смирени и сплотени засекогаш“, напиша Моди денеска на својот профил на социјалната мрежа Твитер.
Тој наведува дека имал длабински увид во ситуацијата и дека „полицијата и други служби работат на терен да осигураат мир и нормалност“.
До насилствата во Делхи дојде на 23 февруари кога се судрија демонстрантите „за“ и „против“ контроверзниот закон за државјанство. Новиот закон им овозможува државјанство на хиндусите, христијаните, сиките, будистите, парсите и џаинистите кои во Индија се нелегално, но можат да докажат дека биле жртви на верски прогон во Бангладеш, Пакистан или во Авганистан, кои се доминантно муслимански земји.
Нови протести против законот за државјанство во Индија
Судирите се совпаднаа со посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Индија.