Филипче: Возачот на комбето од Италија бил во домашна изолација
Нема нов заболен од корона вирус, соопшти пред малку министерот за здравство Венко Филипче.Тој објасни дека резултатите се негативни на последните кои се тестирани дали се носители на вирусот Ковид 19, но дека еден возач кој се пријавил во струмичката болница со симптоми на овој вирус, сè уште ги чека резултатите.
„Тој беше во домашна изолација и не контактирал со никој, дури ни со своето семејство, а сега е сместен на инфективното одделение во Струмица“ рече Филипче, посочувајќи дека во следните часови ќе бидат готови резултатите и ќе се знае дали и тој е заразен од вирусот.
Филипче најави дека се откажуваат струмичкиот прилепскиот карневали се препорачува спортските настани да се одржат без присуство на публика.
Прилепскиот карневал за Прочка е откажан
Тој наведе дека Владата донела одлука да се проверат цените и количините на заштитни материјали како маски и ракавици, поради информации дека тие биле драстично зголемени.
„Информациите се од медиумите и од укажувањето на луѓе кои што сакале да купат вакви материјали и опрема, сметам дека не е коректно да го прави тоа ниту еден економски оператор во ваква ситуација за ваква сериозна работа – ризик по јавното здравје. Затоа по контролата ќе се постапи согласно законските можности а може да следат и консеквенции за тие што го направиле тоа “ вели Филипче на прес конференцијата во Владата.
Филипче повтори дека нема место за паника и дека будно се следи состојбата.