Инфодемијата поопасна од самиот коронавирус
![Инфодемијата поопасна од самиот коронавирус](https://gdb.rferl.org/13222D24-9D17-4754-9201-961794549599_w800_h450.jpg)
Сите медиуми се полни со информации за коронавирусот, откако во Македонија беше дијагностициран првиот случај. Претставникот на СЗО за Европа Ханс Клуге рече дека нема потреба од паника, зашто земјава ги спроведува нивните препораки, но ги повика граѓаните да внимаваат од каде се информираат зашто „ни се случува инфодемија“.