Гани – Ослободувањето на заробените талибанци не може да биде предуслов за преговори
![Гани – Ослободувањето на заробените талибанци не може да биде предуслов за преговори](https://gdb.rferl.org/44E683E1-DD73-4208-AD69-2FC5598C980C_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Авганистанската влада не се обврзала да ослободи 5.000 заробени талибанци, како што се наведува во договорот меѓу САД и талибанците, изјави денеска претседателот на Авганистан Ашраф Гани.
На денешната прес-конференција во Кабул, тој рече дека размената на заробеници може да се најде на дневен ред на преговорите за Авганистан, но дека не може да биде „предуслов за разговори“.
САД и талибанците потпишаа договор за ставање крај на војната во Авганистан
САД и талибанците вчера потпишаа мировен договор за завршување на војната во Авганистан која трае над 18 години. Договорот предвидува Авганистан да ослободи 5000 талибанци од владините затвори, додека талибанците се согласија да не им дозволат на екстремистите да го користат Авганистан за планирање напади против САД и нивните сојузници.