Седми случај на коронавирус во Хрватска
![Седми случај на коронавирус во Хрватска](https://gdb.rferl.org/A1BD49D9-9131-4C60-B41B-DB49FBF9434E_cx0_cy2_cw0_w800_h450.jpg)
Во Хрватска е потврден седмиот случај на зараза со коронавирус. Станува збор за човек од Загреб кој бил во близок контакт со досега заболените лица од Риека, соопшти хрватската служба за цивилна заштита.
Тројца од заболените во Хрватска се во Загреб, а четворица во Риека. Станува збор за луѓе кои биле блиску поврзани. Сите заболени се под здравствен надзор, се наведува во соопштението на службата.
Надлежните апелираат до сите кои биле на подрачјата зафатени со новиот коронавирус да не доаѓаат на јавни собири.
Првиот заразен во Загреб од 19 до 21 февруари со девојката бил во Милано да гледа фудбалски натпревар, додека првиот заболен во Риека е човек кој работи во италијанскиот град Парма.