Сојлу - Турција ја напуштиле скоро 37 илјади мигранти
![Сојлу - Турција ја напуштиле скоро 37 илјади мигранти](https://gdb.rferl.org/2D72CC6C-3AD7-4A76-942A-D935BB911237_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Турција досега преку Едрене ја напуштиле 36.776 мигранти, соопшти синоќа турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Солју.
„До 21.02 часот по локално време преку Едрене нашата земја ја напуштиле 36.776 мигранти“, наведе Солју на Твитер, пренесе агенцијата Анадолија.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно вчера изјави дека земјата и претходно предупредувала дека нема да може да го поднесе товарот на нов мигрантски бран и дека ќе мора да ги отвори границите доколку продолжи кризата и мигрантскиот бран од Сирија.
Курц – Австрија ќе ги заштити своите граници од мигрантите
Анкара соопшти дека веќе нема да ги задржува стотиците илјади мигранти по нападите во Идлиб во кои загинаа 33 турски војници.
Притоа тој порача дека ЕУ мора да ги одржи ветувањата кои и ги дала на Турција во врска со помошта во соочувањето со мигрантската криза.