Ангеловска – 120 илјади вработени добија повисока плата со субвенциите за придонеси
![Ангеловска – 120 илјади вработени добија повисока плата со субвенциите за придонеси](https://gdb.rferl.org/9EE8AC36-553A-48D5-9A3E-ADF1C7693EC3_w800_h450.jpg)
Во просек по 3.500 денари покачување на платите добија 119.500 вработени во јануари, како резултат на мерката за субвенционирање на придонеси за покачување на платите, за која годинава во буџетот има издвоено 2,4 милијарди денари, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за порталот Банкарство. Мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на платите ја искористиле 22 илјади фирми.
Таа посочи дека целта на оваа мерка е да се помогне на фирмите да ги задржат квалитетните кадри, а воедно истакна дека приватниот сектор е тој кој треба да биде двигател на растот, затоа преку мерки, но и долгорочни политики за зголемување на продуктивноста се поттикнува неговата конкурентност.
Платите растат, ама далеку се ветуваните 500 евра
Владата донесе одлука да ги субвенционира придонесите за покачувањето на платите од 600 до 6000 илјади денари за сите вработени.