Аеродромот во Франкфурт времено затворен поради дрон
![Аеродромот во Франкфурт времено затворен поради дрон](https://gdb.rferl.org/A0533989-13A4-408C-8DF1-A9A2CE1B24A0_cx0_cy13_cw0_w800_h450.jpg)
Франкфуртскиот меѓународен аеродром, кој е најпрометен во Германија, денеска беше затворен речиси два часа откако дрон леташе во негова близина, соопшти германската полиција. Пилот пријавил дека забележал дрон во 11.15 минути по што полицијата го затвоти аеродромот и ја пребаруваше областа со помош на хелихоптер. Потоа од таму известија дека аеродромот е повторно отворен за летови од 13 часот, но дека истрагата продолжува. Во меѓувреме неколку летови беа откажани или пренасочени.