САД спроведоа „одбранбен воздушен напад“ во Авганистан
![САД спроведоа „одбранбен воздушен напад“ во Авганистан](https://gdb.rferl.org/4469BC77-FBFE-4A70-A8F3-2DD8AB35AB8C_w800_h450.jpg)
Соединетите Американски Држави спроведоа одбранбен воздушен напад против талибанските милитанти во јужната авганистанска провинција Хелманд. До нападот доаѓа откако претходно беше нападната контролна точка на авганистанските сили. Во серијата напади, пак, на Талибанците деновиве загинаа најмалку 20 авганистански војници.
Насилствата го поткопуваат и договорот кој Соединетите Американски Држави и Талибанците го потпишаа на 29 февруари во Доха, Катар. Со тој договор се предвидува распоред на повлекување на американските војници од Авганистан по повеќе од 18 години во замена за различни безбедносни обврски од бунтовниците и ветувања дека ќе водат разговори со владата во Кабул.
САД и талибанците потпишаа договор за ставање крај на војната во Авганистан
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани рече дека не се обврзуваат да ослободат 5.000 заробени талибанци, како што се наведува во договорот. Талибанците, пак, не сакаат да бидат дел од разговорите во Авганистан додека не биде исполнета таа обврска.
Гани – Ослободувањето на заробените талибанци не може да биде предуслов за преговори