Шест месеци условна казна затвор за уредникот на порталот „Инфомакс“
![Шест месеци условна казна затвор за уредникот на порталот „Инфомакс“](https://gdb.rferl.org/26172623-C318-4A39-AAC9-A3D5A202A767_w800_h450.jpg)
Основниот кривичен суд во Скопје денеска изрече пресуда од шест месеци условна затворска казна за уредникот на портпалот „Инфомакс“ Александар Митовски, на обвинителен предлог кој беше поднесен во септември минатата година за дело оддавање службена тајна, бидејќи на неговиот портал бил објавен дел од записникот за кривичната пријава која ја поднесе бизнисменот Јордан Камчев за случајот „Рекет.“
Условната казна затвор од шест месеци значи дека таа нема да се изврши доколку во наредните две години Митовски не стори кривично дело.
Во обвинението за Митовски стоеше дека преку неговиот интернет портал на јавноста и сторил достапни податоци кои претставуваат службена тајна.