Дополнителен формулар за патниците од Милано и Венеција при влез во земјава
Патниците со авионите на „Визер“од Милано и од Венеција на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе треба да пополнат здравствен лопкатор – карта што е се смета дека ќе помогне во превенирањето и регистрирањето на евентуално заболени од коронавирусот кои доаѓаат во државава.
„Согласно тоа што има сè повеќе заболени во Европа и согласно поригорозните мерки што италијанските власти ги најавија за северниот регион, се одлучивме за уште еден чекор за подигање на контролата на повисоко ниво што значи на патниците со авионите од „Визер“од Милано и од Венеција на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе треба да пополнат здравствен лопкатор – карта на што се согласи авиопревозникот, што ќе овозможи добра контрола и следливост на патниците,“ рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Патниците, како што појасни министерот, ќе остават податоци на која адреса престојуваат и доколку после одреден број денови се јави некој патник со симптоми ќе биде лесно да се најдат сопатниците кои што седеле неколку редови пред и зад тој патник во авионот. Филипче посочи дека препораката за неодржување масовни јавни собири важи до 6 март.