Расте бројот заболени од коронавирусот во Европа и САД
![Расте бројот заболени од коронавирусот во Европа и САД](https://gdb.rferl.org/82C19067-07B5-40F6-907A-985358CE7B1A_w800_h450.jpg)
Претставници на Светската здравствена организација ги предупредиa земјите дека треба по сериозно да го сфатат избувнувањето на коронавирусот, додека бројот на заболени во Европа и Северна Америка расте.
Холандија, каде што досега има 82 потврдени случаи, денеска го регистрираше првиот починат од коронавирус, 86 годишен човек кој починал во болница во Ротердам. Ватикан, пак, денеска соопшти дека имаат прв потврден случај на коронавирус.
И Германија бележи раст во бројот на заболени. Таму денеска се регистрирани 534 заболени што е за околу 130 повеќе од вчера. Потврдени случаи на коронавирус има во 14 сојузни држави, а најпогодена е Северна Рајна Вествалија која се граничи со Франција каде што,пак, има 423 случаи на коронавирус.
Американскиот сенат одобри 8,3 милијарди долари за справување со вирусот од кој досега во Соединетите Американски Држави се разболеа 230 луѓе. Бројот на заболени во светот досега се искачи на 100 000 во околу 85 земји, а повеќе од 3300 луѓе починаа.