Цел свет за короната, Битола за зоолошката и мајмуните
Додека целата земја е преокупирана со епидемијата од коронавирусот, условите во кои живеат животните во битолската зоолошка градина се наметна како тема на социјалните медиуми откако се појавија фотографии на мајмунчето Лука во стар кафез. Невладини организации и поединци апелираа да се затвори единствената зоолошка градина во југозападниот дел од земјата додека во неа не се подобрат условите. Власта се брани дека состојбите се подобруваат.