Нови 19 пациенти со коронавирус во Македонија, вкупно 67 до сега
Бројот на новозаболени од коронавирус до 10 часот во Македонија е 19, а вкупната бројка на заболени во земјата е 67, информираше Министерството за здравство. Оттаму соопштуваат дека вчера попладне и во текот на ноќта преку ИЈЗ на коронавирус биле тестирани 71 лице.
„Од нив две лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид – дојдено од Бреша, Италија кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија“, информира Министерството.
Животот во карантин е поразличен, но не мора да значи дека е полош
Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација. Од Министерството наведуваат дека на клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот.